Ново рочиште за предметот „Трезор“

Од:

Ново рочиште во кривичниот суд за денеска е закажано за случајот „Трезор“ за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Судијката Џенета Бектовиќ на минатото рочиште ја исклучи јавноста поради сослушување на сведок, вработен во УБК и опасност од оддавање на службена тајна.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

А1он

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

Јавното обвинителство не се согласило со условен отпуст за Сашо Мијалков

ВИДЕО: Целото видео на Сашо Мијалков со џет сетот во хотел во Монако

А1он

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски