Ново обвинение за Миле Јанакиески и уште 10 лица за „шпанските скали“

Од:

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд достави обвинение против 11 лица за предметот популарно наречен „шпански скали“, проект кој требаше да биде дел од „Скопје 2014“.

Со обвинението опфатени се поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески, Димитар Димовски член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општинскиот комитет на оваа партија во Аеродром. Покрај нив, обвинети се вработени во Министерството за транспорт и врски, нотари и вработен во Катастар, како и правобранителот на Град Скопје, Емилија Радојкова.

На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата е обвинето за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Договорите за продажба на земјиштето за изгардба на објекти биле дополнувани со анекси, но никогаш објектите не биле изградени.

„Во временскиот период од 21.12.2010 година до 08.08.2018 година, првоообвинетиот заедно со петмина административни службеници, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на РМ, ниту наплатиле договорна казна со што овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист“, соопшти Обвинителството.

Со дејствијата обвинетите предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 163.513.868 денари, или приближно 2,6 милиони евра.

Истрагата беше отворена во јуни годинава, а Обвинителството бараше притвор за осомничените.

Би можело да ве интересира

Одложено судењето за „Шпански скали“

Горан Наумовски

Јанчева: Заради „Шпански скали“ од проектот Скопје 2014 се бара отштета од 130 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Ризикот за плаќање на милионски отштети кон странски фирми во арбитражни постапки е заради неспособноста и криминогеноста на СДС

Одложено судењето за „Шпански скали“, следното рочиште во јануари

Ана Ололовска

Изведени материјални докази во предметот ,,Шпански скали”

Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански Скали”