Новинарските организации реагираат: Игнорирањето на повиците на линч за новинарите од Метаморфозис мора да престане

Од:

ССНМ, ЗНМ, СЕММ и МИМ бараат итна реакција на МВР и Јавното обвинителство по континуираните отворени повици за линч на новинарите и другите вработени во Фондацијата Метаморфозис што организирано ги шират групи и поединци на социјалните медиуми, а со тоа се нарушува и безбедноста на нашите колеги.

Организациите потсетуваат дека пријави до МВР од Фондацијата Метаморфозис се испратени во ноември и декември минатата година, кога реагираа и новинарските организации, барајќи проактивен пристап од МВР и Јавното обвинителство. Исто така, потсетуваат дека оттогаш не се преземени мерки со кои би се превенирале и санкционирале овие закани, туку напротив тие продолжуваат, а политиката на неказнивост останува да биде присутна.

Недозволиво е надлежните институции, МВР и Јавното обвинителство, со месеци, да ја избегнуваат одговорноста соодветно да реагираат на отворените закани кон новинарите, чиишто лични податоци се откриваат на начин што ги изложуваат на опасноста да бидат мета на физички напади порачуваат од ССНМ, ЗНМ, СЕММ и МИМ

Воедно, ги потсетуваат институциите дека ефикасноста во борбата со закани на социјалните медиуми не завршува со пронаоѓањето на заканувачите кон високите владини претставници, за што има пракса кога станува збор за носители на јавни функции. Велат дека од институциите очекуваат да немаат двојни стандарди кога се работи за новинари и медиумски работници, особено кога тие се изложени на говор на омраза и повици за нивен линч само поради вршењето на својата професија.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада

ЗНМ: Реакција до Претседателот на Собранието за вчерашниот непринципиелен третман кон странски новинари на сметка на домашните