Новинарите реагираат за небезбедно одржана прес-конференција кај Адеми, ССНМ апелира да им се овозможат безбедни услови

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) апелира до институциите да овозможат услови за безбедно информирање во време на коронавирус пандемијата.

До ССНМ денеска реагираа повеќе членови за начинот на кој била организирана прес-конференцијата на министерот за образование и наука Арбер Адеми што се одржа во зградата во која е сместено Министерството.

-Прес-конференцијата се одржа во просторија за состаноци на осмиот кат, во затворен простор каде присуствуваа повеќе од 20-тина новинари, сниматели и фоторепортери. Според поплаките, ниту една здравствена мерка од организаторот не била испочитувана, од овозможување дистанца помеѓу присутните, отворени прозорци до средства за дезинфекција. ССНМ бара од носителите на власта да покажат чувство на одговорност и да не ги доведуваат во опасност медиумските работници, стои во соопштението на Синдикатот.

ССНМ апелира и до колегите, без оглед на претпоставениот јавен интерес во иднина да ги напуштат прес-конференциите и сличните настани ако проценат дека не се испочитувани здравствените протоколи и доколку по укажувањето организаторот не ги обезбеди потребните услови за заштита на здравјето.

-Истовремено ги повикуваме медиумските работници максимално да ги почитуваат правилата и протоколите за заштита од коронавирусот додека ги извршуваат своите работни задачи, наведува ССНМ.

Би можело да ве интересира

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Адеми: Барањето за избор на претседател на државата во Собранието останува и при составувањето на идната влада

Адеми: Од сите политички партии очекуваме позитивно да одговараат на идејата претседателот на државата да се бира во Собрание