А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Новинарите кои известуваа од Собранието на 27 април најавија тужба против државата

by А1он28/12/2018 - 14:2728/12/2018 - 15:26291
Share0

Новинарите кои известуваа од Собранието за време на упадот на 27 април минатата година ќе поднесат тужба против државата.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Сакаме да обзнаниме дека најмалку 15 новинари досега, кои на 27 април известуваа од Собранието, покренуваме иницијатива за тужба кон државата за отштета. Тужабата ќе биде преку граѓанска постапка да се оцени шететата на поединци. Повикуваме да се вклучат сите новинари кои беа внатре. Обратете се до нас, ицијативата е отворена“, рече новинарот Боби Христов.

Во однос на барањето за надомест, тој рече тоа ќе биде договор меѓу сите новинари кои ќе се вклучат во тужбата.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Оваа постапка чини пари. Во граѓанска постапка ќе се бара надомест на штета и да се утврди одговорност на пратеници кои со дејствување или недејствување учествувале во настанување на штетата. Дел од трошоците сами ќе мора да ги сносиме. Сè ќе се дели сразмерно. Ќе се плаќаат од наша страна судските трошоци, а адвокатско друштво ќе нè застапува“, рече Христов.

Новинарката Душица Мрѓа порача дека сите новинари и сниматели заслужуваат правда. „Ние само си ја вршевме работата“, рече таа.

Новинарот Горан Трпеновски рече дека во тужбата треба да се вклучат сите, оние кои биле и кои не биле. „Нашето известување допринесе за да нема потешки псоледици, убиство. Нашето присуство допринесе сè ова да заврши како што заврши“, рече тој.

Кристијан Ландов

27 aprilnovinarisobranie

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски25/11/2026 - 08:3825/11/2026 - 10:08

Формиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите, МВР воспостави национална и локални контакт-точки

Горан Наумовски23/11/2026 - 12:2423/11/2026 - 12:27

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он18/11/2026 - 08:2018/11/2026 - 10:51

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

Предраг Петровиќ13/11/2026 - 18:28

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Горан Наумовски10/11/2026 - 16:01

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

Горан Наумовски10/11/2026 - 14:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео