Новинар и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде главен уредник на телевизијата на владиката Петар

Од:

Новинарот и поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Битола, Благој Шаклевски ќе биде главен уредник на новата телевизија чиј сопственик е владиката Петар.

Шаклевски долги години работел во битолската ТВ Тера, а бил и портпарол на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ќе биде уредник на телевизијата„Вистел„ која ќе зрачи во скопскиот регион, а која ја регистрираше митрополитот Преспанско-пелагониски Петар.

Неговата фирма ДПТПУ „ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје“ во Централен регистар го регистрираше Трговското радиодифузно друштво „Вистел„ со седиште на улица „Гемиџиска“ во Скопје. Како управител е запишан теологот Петар Каревски, кое е световното име на владиката Петар.

„Правното лице Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје на 17 март 2023 година до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги достави Решение за основање на Трговско радиодифузно друштво во соодветниот регистар во Централен Регистар на РСМ со назив ТРД ВИСТЕЛ ДООЕЛ Скопје, по што Агенцијата, согласно член 77 став 2 од ЗААВМУ, на 23 март 2023 година му издаде дозвола за телевизиско емитување на ТРД ВИСТЕЛ ДООЕЛ Скопје“, рекоа за „А1он“ од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

По издавањето на дозволата, новиот радиодифузер е регистриран во Регистарот на телевизии кој го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а таму се најде и името на новиот уредник Шаклевски.

Музика, квизови, вести, документарци, дебатни емисии и спортска програма во следните девет години ќе може да емитува новата локална телевизија на владиката Петар која во моментов е во процес на регистрација како трговско радиодифузно друштво во Централниот регистар.

Владиката Петар, е основач на компанијата Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје која добила дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за емитување која важи за следните девет години.

Телевизијата ќе зрачи во скопскиот регион кој по бројот на жители е најголем, како и во општините општините Чучер сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште, а ќе емитува програма на македонски јазик.

„Согласно Одлуката за доделување на дозволата, телевизијата се обврза да емитува сигнал од 1 мај 2023 година, а во спротивно ќе и биде одземена дозволата за емитување.

Неговата компанија доби дозвола за емитување по пат на конкурс на испразнето место по затворањето на некогашната локална телевизија Амазон.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

(ВИДЕО) Ангелова: Фатмир Дехари од Кичево е срам за сите жени во Македонија, злоупотреба, понижување и срамен молк од ДУИ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ленче Ристоска, поранешната „ѕвезда“ на пропаднатото СЈО, последна има право да зборува за плати, правда и морал