Медиумите на албански јазик ја шират информацијата за протести во сите градови во Македонија во 14 часот.
-По големите протести во Скопје во изминативе два дена, се чини дека тие ќе бидат продолжени во други градови, пренесуваат медиумите.
Во многу градови во Македонија како: Струга, Дебар, Кичево, Тетово, Гостивар, Охрид и Скопје, најавени се протести во 14 часот, се вели во повикот кој се шири по социјалните мрежи.
Пред два дена околу 1.500 демонстранти излегоа пред Судската палата да го изразат револтот од пресудата за процесот „Монструм“ но откако почнаа да фрлаат камења по полицијата и објектот, тие беа потиснати, а дел приведени.
Вчера одзивот беше слаб, едвај 50 демонстранти не успеаа ни да се приближат до Судската палата, а револтот го искажаа со каменување на седиштето на ДУИ и општината Чаир.