Нови квоти за приватните аптеките со договор со ФЗОМ

Од:

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) соопшти дека од 1 јули ќе започнат да важат новите квоти за приватните аптеки.

– Со оваа прераспределба ФЗОМ има цел да овозможи посоодветна дистрибуција на средствата за лекови, односно подобра снабденост за осигурениците. Новите квоти за аптеките беа усвоени на вчерашната седница на Управниот одбор на ФЗОМ за издадени лекови на рецепт од Листата на лекови на товар на средствата на Фондот, соопшти ФЗОМ.

Средствата се распределени на вкупно 768 аптеки кои во моментов имаат активен договор. Од нив, кај вкупно 634 аптеки квотата се зголемува, за 74 аптеки се намалува, за 37 аптеки квотата не се менува, додека кај 23 нови приватни аптеки кои до ФЗОМ доставија комплетна понуда за склучување на договор и се дел од мрежата на здравствени установи се определуваат нови квоти (15 аптекарски станици, 5 подвижни аптеки, 2 аптеки и 1 рурална аптека).

Буџетот на Фондот за здравствено осигурвање на Македонија за квоти за аптеките за 2015 година е две милијарди и 450 милиони денари.

Прераспределбата и определувањето на квотите е направено согласно Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за критериумите за склучување договори, утврдување на постапка за определување на месечниот износ на средства и начинот на плаќање на здравствени услуги на здравствените установи кои вршат обезбедување на осигурените лица со лекови на рецепт од листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ во примарна здравствена заштита (Сл.весник бр.48 од 25.03.2015 година).

Согласно Правилникот, ревидирањето на квотите е направено врз основа на просечно месечно реализирани износи на квоти, согласно податоците со кои располага Фондот во последните шест месеци, при што квотата се зголемува или намалува во зависност од нивната реализација според дефинираната скала од правилникот.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

Орце Костов