Нови 48 волонтери на Мировниот корпус ќе дадат заклетва пред американскиот амбасадор во Македонија

Од:

Четириесет и осум волонтери на Мировниот корпус денеска ќе дадат официјална заклетва пред американскиот амбасадор Џес Бејли. Ова е дваесет и третата група волонтери што ќе живеат и работат во Македонија, од отворањето на канцеларијата во Македонија во 1996 година. Новите волонтери ќе се приклучат на групата која брои повеќе од 750 волонтери, кои досега служеле во Македонија.

Овој свечен настан, како што соопштуваат од Мировниот корпус – Македонија, ќе го одбележи успешното завршување на интензивната 11-неделна обука во која волонтерите ги изучуваат македонскиот и албанскиот јазик и култура.

По давањето заклетва, новите волонтери на Мировниот корпус ќе ја почнат својата двегодишна служба во заедниците низ Македонија. Тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини како и дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

Амбасада на САД: Поддржуваме инвестиции од интерес на С. Македонија, ако има несоодветни активности тие теба да се истражат

Ана Ололовска

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов

Брнз: Целата помош што ќе биде собрана, ќе се намени за семејствата на жртвите во пожарот во Тетово

Ана Ололовска

Дваесет и шест години дипломатски односи со САД

А1он

Виртуелна изложба во Амбасадата на САД за обиколка низ 245 години американска историја

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нов ракетен напад врз американската амбасада во Ирак

Жарко Настоски