Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Од:

Амбасадата на САД ги следи одлуките на судот за предметите „Таргет-тврдина“ кој се однесува на масовното прислушкување и „Трезор“, двата со укинати пресуди од Апелација, со што е ослободен Сашо Мијалков. Оттаму не навлегуваат во коментирање на ваквите одлуки на судиите. Но се децидни дека Мијалков останува на т.н. црна листа на САД.

“Без оглед на неодамнешните одлуки на судот во случаите ‘Трезор’ и ‘Таргет-тврдина’, санкциите на САД против Сашо Мијалков остануваат на сила“, велат од Амбасадата на САД за „А1он“.

Апелација ја укина пресудата за „Таргет-Тврдина“, случајот за масовното прислушување во Македонија. Со ова предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен, Сашо Мијалков, кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, осудена на четири години, началникот на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство и осуден е на 15 години, како и Никола Бошкоски, кој исто така е во бегство, а изречена му е 15-годишна затворска казна. Претходно Мијалков беше ослободен за случајот „Трезор“.

Со потпишувањето на одлуката за укинување на пресудата за масовното прислушкување, апелациските судии потпишаа и застарување на делата.

Застарувањето на делата за Мијалков и останатите обвинети за прислушкувањето, значи дека државата ќе треба да плаќа оштета на сите незаконски прислушкувани. Ова е трето по ред прислушкување, кое е на пат да остане неказнето.

Би можело да ве интересира

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Судскиот мониторинг покажува: Многу веројатно предметот за прислушкувањето и Мијалков да застари

Кристијан Ландов

Апелација се правда за ослободувањето на Мијалков: Пресудата беше нејасна и неразбирлива

Кристијан Ландов

Одбраната нa Мијалков: Одлуката на Апелациониот суд е праведна, заснована е на докази и факти

Ана Ололовска

Укинувањето на пресудата за Мијалков е завршена работа, Судски совет не може да преиспитува судска одлука

Кристијан Ландов

Пендаровски: Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за „Таргет-Тврдина“

Ана Ололовска