Нови 39 случаи на ХИВ/СИДА годинава во Македонија

Од:

Во 2014 година во Македонија се регистрирани нови 39 случаи на ХИВ/СИДА. Шеснаесет лица се заболени од СИДА, а 23 се ХИВ позитивни, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Во текот на годинава се регистрирани 3 смртни исходи од СИДА.

Триесет и седум од новозаболените се од машки пол, а 2 од женски. Од вкупно регистрирани 39 случаи 20 се во Скопје, 4 во Кочани, 3 во Штип, по 2 во Свети Николе, Кавадарци и Прилеп, по 1 лице во Тетово и во Струмица и 1 странски државјанин..

Две од лицата со ХИВ/СИДА се на возраст од 10 до 19 години, 16 лица се од 20 до 29 години, 14 се на возраст од 30 до 39 години, 3 лица од 40 до 49 години, а над 60 години 4 лица.

Кај 10 лица имало хетеросексуален начин на пренос на ХИВ, кај 25 лица преку сексуален контакт на машко со машко лице (МСМ), кај 3 лица е непознат начинот на трансмисија, а кај 1 лице инјектирање дрога.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска