Новата адвокатка на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, ќе прави увид во доказите на Обвинителството

Од:

Ирена Фрчкоска, сопругата на професорот Љубомир Фрчкоски, која е нов бранител на осомничената специјална обвинителка, Катица Јанева, за „А1он“ најави увид во доказите со кои располага Обвинителството следната недела.

„Првин ќе направиме увид во доказите следната недела“, рече кратко Фрчкоска. На прашање дали Јанева депонирала оставка во Советот на јавни обвинители рече дека нема таква информација како и дека не знае дали Јанева ќе го искористи правото да поднесе тужба до судот, доколку биде разрешена, можност што ѝ ја дава Законот.

Фрчкоска, која повеќе информации најави по увидот следната недела, го замени адвокатот Стеван Павлески, кој ѝ го откажа полномошното на Јанева, бидејќи адвокатот истовремено ги застапува Љупчо Георгиевски во предметот „Траекторија“ и осомничениот Цветан Панделески во истрагата „Империја“.

Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување во истрагата „Рекет“. „А1он“ неофицијално дознава дека осомничената обвинителка барала правна помош и од универзитетски професори.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Јанева: Не знам кога ме снимал Боки, јас снимката ја видов во Обвинителството

Ландов