Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Од:

Министерството за правда го подготви предлог Законот за амнестија со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела и се очекува тој да биде усвоен на следната седница на Влада. Целта на законот, според министерството, е да се овозможи растеретување во казнено поправните установи.

Со законот се предлага ,лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

„Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела ,, Злоупотреба на службената положба и овластување”од член 353 , ,, Несовесно работење во службата” од член 353-в, сите од Кривичниот закон,за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово -базирано насилство.

Амнестијата не се однесува за кривични дела ,,Разбојништво” од член 237 став 5 и ,,Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела ,, Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, ,,Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, ,, Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, ,, Несовесно работење во службата” од член 353-в, ,,Примање поткуп” од член 357, ,, Давање поткуп” од член 358, ,,Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за ,,Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик“, објаснија од министерството кое е предлагач на законот.

Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година, ниту на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Северна Македонија. Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.

Од министерството очекуваат поддршка од сите пратеници за ова законско решение, но првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш им им одговори дека ќе го блокира законот преку демократски алатки.

Мицкоски додаде дека ниту има некаква официјална, или неофицијална, ниту пак ќе има официјална или неофицијална комуникација со овие луѓе во оваа влада, ниту пак има било каква точка или запирка додадена вредност во текстот на тој закон кој што е предложен.

„Тој закон кој што е предложен, а од вчера и на јавноста достапен е Закон за амнестија на криминалци за кои одредени политички партии во минатото даваа ветување дека или ќе бидат ослободени целосно или делумно. За жал, тие политички партии или дел од тие полтички партии денеска се од владата и можете да видите дека таквиот закон не одговоара ама буквално ниту на потребите, ниту на очекувањата на граѓаните и во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го поддржи овој Закон за амнестија, туку и истиот, преку демократски алатки, ќе го блокира“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот

ВМРО-ДПМНЕ: Посветено работиме за изградба и развој на патната инфраструктура во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Се работи на реализација на капитални инвестиции кои водат кон економска трансформација на Македонијa

Горан Наумовски

Бојковска: Вработените во МВР ќе добијат повисоки плати