Нов пожар кај Пехчево, гори во Јасен, во близина на Стење, кај Белица…

Од:

Попладнево и вечерва во земјава се активни десет пожари. Во текот на денот три се ставени под контрола, а седум пожари се изгаснати. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека од овие десет активни пожари, осум се многу сериозни, и дека некои се повлекуваат со денови.

-Пожарот во Јасен не можеме да го ставиме под контрола, се уште се движи низ ловиштето, додека вториот крак се движи во насока на селото Белица иако силно се обидуваме да го стопираме пред самото село. Вториот пожар кој што избувна денеска попладне е пожарот над Пехчево и создаде голема паника кај граѓаните. За жал, таму изгоре и еден џип на локалната самоуправа. Тежок пожар за гаснење. Во овој момент сме многу слаби со воздухоплови и ќе треба повторно да се потпреме на правење на противпожарни пресеки. Во секој случај нас силен фокус ќе ни биде заштита на населените места околу овој пожар, конкретно селото Буковиќ и месноста наречена Ееленско платно, вели Ангелов.

Тежок пожар има и на територијата на Ресен, кој се спушта кон Стење, на тешко пристапен терен и постои опасност да влезе во шума. Се дејствува со доброволци од Црвениот крст од Планинската спасителска служба, помогнати со лица од Националниот парк Галичица.

Активен пожар им и во Општина Новаци којшто зафаќа голема површина. Гори ниска вегетација. На територија на Кичево има два тешки пожари кои, како што вели Ангелов, создаваат паника меѓу населението.

-Првиот е кај селото Патеец, кој беснее од вчерашниот ден и минува низ борова, но и низ букова шума, рече Ангелов. Повторно се активирал и пожарот кај село Челопеци и се движи кон Бигор Доленци и гори мешана шума.

Околу селата Преше и Папрадишта, Општина Чашка, гори мешана шума, ниска вегетација и трева.

Осмиот пожар е на територијата на Македонски Брод кај селата Грешница и Слатина. Во Ресен е запалена градската депонија, а во Чучер Сандево гори ниска шума, околу селото Блаце.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски