А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нов оглас за обуки за напредни ИТ вештини

by А1он25/01/2017 - 14:12362
Share0

Од денеска во наредните 10 дена сите заинтересирани невработени лица кои имаат дарба и знаење за програмирање ќе можат да се јават на огласот на Агенцијата за вработување на Република Македонија за обуки за напредни ИТ-вештини.

Добивај вести на вибер

Како што појасни на денешната прес-конференција директорот на АВРМ Влатко Поповски, станува збор за четири видови обуки за програмирање. Првата е Микрософт официјална обука за програмирање во HTML 5 и CSS 3 наменета за веб-дизајнери и веб-програмери. Втората обука Микрософт официјална обука за MCSD веб-апликации „Net C#“ за развој на интерактивни квалитетни веб-апликации и развој на веб-сервиси. Третата обука за која е објавен оглас е ORACLE официјална обука наменета за развој на апликации во програмскиот јазик PHP, и четвртата е официјална ISTQB за тестери за квалитет на софтвер.

Заинтересираните, рече Поповски, треба да имаат завршено средно или високо образование. По 10 дена сите заинтересирани ќе бидат повикани на предтест со цел да се утврдат нивните познавања, а ќе им биде понуден и договор со АВРМ за роковите во кои треба да ја завршат обуката и да го положат тестот.

-Овие обуки ќе им овозможат на сите невработени лица кои имаат познавања од оваа област да го надградат своето знаење и да добијат меѓународно признати сертификати, со кои многу полесно ќе дојдат до вработување и во Македонија, но и во странство, истакна Поповски.

Во изминатите години од 2010 досега вкупно 1025 лица посетувале и завршиле вакви обуки. Половина од нив, рече Поповски, се и официјално вработени.

agencija za vrabotuvanjeit

Би можело да ве интересира

Истрага: Швајцарската тајна служба соработувала со Русите

Предраг Петровиќ15/06/2025 - 08:45

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Катерина Ѓуровски28/05/2025 - 13:00

Кривична пријава за раководителка во АВРМ, потрошила службени 10.000 евра за лични потреби

Катерина Ѓуровски25/11/2021 - 14:5425/11/2021 - 15:02

ДЗР со неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај на Агенцијата за вработување

Катерина Ѓуровски24/11/2021 - 13:26

Оперативниот план за вработување со најголем буџет досега, се очекува успешна реализација

Татјана Ташкова14/04/2019 - 09:2314/04/2019 - 09:36

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска20/03/2019 - 13:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен