Нов негативен рекорд на новозаразени во Дебар

Од:

Нов негативен рекорд од 30 новозаразени во едно деноноќие е регистриран во Дебар, што е највисока бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата.

-Ова е последователна висока бројка на новозаразени, по онаа на 14 месецов кога беа потврдени 23 нови случаи. За жал како и во поголемиот дел од државата и во дебарско во континуитет расте бројот на заразени со Ковид-19. Само во текот на овој месец опасниот вирус е потврден кај 131 лице од општините Дебар и Центар Жупа, изјавија за МИА од дебарската општа болница со проширена дејност.

Додаваат дека бројот е многу поголем затоа што има и лица кои се тестираат приватно, односно со брзи тестови и нема евиденција за нив, а за лекарска услуга се јавуваат кога ќе почувствуваат поголеми потешкотии.

Овој месец во списокот на оздравени се внесени 32 лица, додека починале шест.

Вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата е 1.122, битката со опасниот вирус ја загубиле повеќе од педесет, а активни на болеста моментно се 144.

-Од вкупно активните, 15 се хоспитализирани во Ковид центарот во нашата установа, сите на кислородна подршка, двајца пациенти имаме во здравствени установи во Скопје, дваесеттина се на амбулантско лекување, што подразбира добиваат терапија, малку одмараат и заминуваат дома, вели првиот човек на дебарската болница Баки Алили.

Според него, се поголем е интересот и за вакцинација, што потврдува и бројката од околу 1.100 аплицирани вакцини во последните пет дена.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат