Нов археолошки наод во близина на Виничко кале

Од:

При градежни зафати во дворно место во Виница, во непосредна близина на Калето, е откриена водоводна линија која според првичните увиди датира од римско време, а укажува на постоење развиен систем на довод на вода од природни извори.

– Станува збор за линија од водовод, поврзана со варов малтер и керамички садови – таложници кои ја имаат улогата да го намалат притисокот на водата, за дел од римски водовод поврзан со природните извори во непосредна близина, изјави директорот на Музејот „Теракота“ во Виница Јулијана Иванова.

Според неа, случајните ископувања во приватниот двор, отворија простор за нови археолошки истражувања во Виничко.

Остатоците од римско време кога изградбата на водоводите посебно се развила, укажуваат, истакна Иванова, дека на Виничкото кале имало римски населби. Римјаните биле познати како вешти градители.

– Вакви и слични материјали се откриени во истражувањата на Виничко кале. Се работи за материјали од римски период – населба со фурна ќерамика, што значи од римскиот период имаме населба и во самото Кале и во подножјето на Калето. Постои веројатност овој водовод да оди до самата населба, рече директорката.

По извршениот стручен увид од Музејот „Теракота“, за новоископаните археолошки наоди се чека увид и од Управата за заштита на културното наследство, а потоа и инструкции за постапката околу заштитата и истражувањето на овој простор.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска