Нормализирана состојбата со поплавите во Струмица

Од:

Струмички „Комуналец“ ја санира состојбата по синоќешните поплави. Надојдените води од Водочница и неисчистените полски канали се причина за поплавите. Со брзата интервенција на екипите од „Водовод и канализација“ состојбата на улиците во долниот дел од Струмица е нормалилизирана.

Како што изјави директорт на „Комуналец“ Зоран Горгиев, вработените со помош на механизацијата за краток рок ги расчистиле наносите од улиците.

– Овие поплави се резултат на ударниот бран кој дојде по поројниот дожд. Сепак, причината за ваквата состојба се и огромните количини вода кои преку неисчистените полски канали пристигнаа во реката Водочница, рече Горгиев.

Синоќешниот пороен дожд предизвика надојдување на води и поплави и во селото Градашорци, општина Василево, а реката Струмица освен во атарот на Босилово се излеа и во атарот на селото Дабиле.

фото: струмицанет

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он