Нормализиран сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка

Од:

Авто мото сојузот на Македонија попладнево соопшти дека од 19 часот е нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Овој патен правец беше во прекин во двата правца поради сообраќајна незгода во која камион со црногорски регистарски таблички кој влечел приколка со вилушкар удрил во надвозник на магистралниот пат. Во несреќата нема повредени лица.

Од СВР Куманово информираа дека товарното возило марка „Волво“ се движело од Крива Паланка кон Куманово и во близина на населбата „Карпош“ удрило во надвозникот при што од камионот се одвоила приколката. Камионот бил управуван од српскиот државјанин А.С. (1969).

Би можело да ве интересира

На Табановце се чека и до 40 минути за влез и излез од државава

А1он

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане