Нинџа до обезбедувањето на Чавков: Не сте го чувале добро вашиот претпоставен

Од:

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа по сведочењето на обезбедувањето на ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, Никола Димитриевски, на сведокот му кажа дека не го чувал доволно добро својот претпоставен бидејќи Чавков бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, за време на упадот во Собранието, а тој не го знае тоа.

-Не сте го чувале добро вашиот претпоставен. Чавков од 18 часот и 20 минути до 19 и 15 беше на осмиот кат во зградата на ВМРО-ДПМНЕ, рече обвинетиот Василевски.

Претходно, обезбедувањето на Чавков изјави дека тој заедно со Чавков во 19 часот при упадот во Собранието биле во Технометал Вардар во помошната канцеларија на поранешниот директор на БЈБ од каде телефонски издавал команди на началниците од МВР.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски