Нина Ангеловска и Садула Дураку ќе седнат во бордот на Телеком, Стојанче Ангелов в.д. директор на Центарот за управување со кризи

Од:

Владата на денешната 17-та седница заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком, Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје, да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори и тоа Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, а за членови на Одборот на директори да ги избере:

– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член
– Бардул Насуфи – неизвршен член
– Зоран Китанов – извршен член
– Нина Ангеловска – неизвршен независен член
– Садула Дураку – неизвршен независен член, и
– Аќиф Мехдиу – неизвршен член

На предлог на владината Комисија за именувања, на денешната седница се донесени и следниве одлуки:

– Александар Ранѓеловиќ, да се отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, а за член на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје да го избере Ѓоко Илиевски предложен од синдикалната организација.

– Владата ја отповика Верица Узунова од должноста член на Надзорен одбор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, а за член ја избира Слаѓана Богдановиќ.

Владата исто така се информираше за оставката на Виктор Петрушевски од должноста член на Управниот одбор на АД за аеродромски услуги „Аеродроми на Република Северна Македонија“ во државна сопственост и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на друштвото за член на Управниот одбор да го избере Трајче Ангеловски.

Владата на Република Северна Македонија заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на АД Славија, извоз – увоз Скопје за член на Управниот одбор да го избере Блаже Зафировски.

Миле Сугарев да го разреши од должноста в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, а Стево Крстевски да го именува за в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Владата на Република Северна Македонија да даде согласност на Одлуката на Управниот одбор на Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија бр.02-4032/1 од 28.10.2020 година, со која за в.д. директор на Фондот е именувана Билјана Јовановска.

Владата ја прифати оставката на Сеад Садиковски да го разреши од должноста директор на Државен инспекторат за локална самоуправа, на негово барање, а Сенат Ахмеди да го именува за в.д. директор на Државен инспекторат за локална самоуправа.

Владата ја прифати оставката на Лидија Ѓоршевска и ја разреши од должноста директор на Државниот испитен центар, на нејзино барање.

Елизабета Наумовска да ја именува за в.д. директор на Државниот испитен центар.

Владата ја прифати оставката на Аднан Џафероски и го разреши од должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување, на негово барање, а Беким Максути да го именува за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата ја прифати оставката на Агрон Буџаку и го разреши од должноста директор на Центарот за управување со кризи, на негово барање, а Стојанче Ангелов да го разреши од должноста национален координатор за воени и полициски ветерани и да го именува за в.д. директор на Центарот за управување со кризи.

Фирус Мемед, е разрешен од должноста заменик на директорот на Агенција за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, поради истек на мандатот за кој е именуван.

Владата денеска ги разреши Амир Шабани од должноста член на Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет), на негово барање, Зирап Адеми од должноста заменик на директорот на Државниот завод за статистика, на негово барање, и Ариф Асани од должноста заменик на директорот на Агенцијата за национална безбедност на Република Северна Македонија.

Блерим Идризи денеска е разрешен од должноста член на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со пасишта, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси, и на оваа позиција е именуван Незарим Аљиљи.

Виктор Талески, е именуван за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп.

Владата денеска го разреши Бобан Томески од должност член на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, и за претставник од Агенцијата за супервизија на осигурувањето да го именува Злате Симоновски.

Владата денеска на членовите на Училишниот одбор на Посебното основно училиште за ученици со посебни воспитно-образовни потреби „Св. Климент Охридски“- Ново Село, Ристо Златанов и Благица Стоилова да им утврди престанок на мандатот, а за член на одборот ја именуваше Светлана Мазгалоска-Вучетиќ.

На денешната седница Владата утврди престанок на мандатот на членката на УО на ЈП „Јасен“, Калина Кусатска и за нов член ја именуваше Оливера Поповиќ.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада