Службата за односи со јавноста на Обединетите нации соопшти дека посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц ќе има средби во Грција, а потоа и во Македонија, почнувајќи од 9 септември.
– Личниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за разговорите меѓу Грција и Македонија ќе патува во регионот во периодот од 9 до 11 септември, на средби во Атина и во Скопје. Амбасадорот Нимиц на средбите во Атина и Скопје со високи владини претставници на двете земји ќе ги продолжи дискусиите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за „името“, пишува во соопштението на Обединетите нации.