Позитивна, важна и од историско значење е средбата на Зоран Заев и Алексис Ципрас според медијаторот Метју Нимиц.
Во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, специјалниот претставник на ОН во разговорите за името, коментира дека постои динамика за решение, вели дека е оптимист дека во соработка со меѓународната заедница, во координација на ОН, со Вашингтон, Брисел и Берлин, може да се постигне заемно прифатлив договор, а според Нимиц, јавува дописникот на МИА од Атина, сега сме пред историска можност што сите треба да ја искористиме.
– Средбата меѓу премиерите Ципрас и Заев во Давос беше позитивна и важна, една средба од вистинско историско значење, ако конечно доведе до решавање на важните разлики меѓу двете соседни земји. Време да се интензивираат разговорите во врска со условите за еден конечен договор, со претпазливост на прашањата што беа истакнати од двајцата премиери. Согласно со нивната намера, доаѓам во Атина и Скопје на разговори, за да се придвижи процесот. Верувам дека сега постои една динамика за изнаоѓање решение – вели Нимиц.