Нимиц не носи нов предлог за името

Од:

Медијаторот на ОН Метју Нимиц во понеделник во Атина не доаѓа со нов предлог за решавање на прашањето за името, откриваат дипломатски извори за МИА.

dobivaj vesti na viber

Последните денови грчките медиуми објавија неколку анализи за престојоната посета на Нимиц на Атина и Скопје, при што уште еднаш наласија дека последниот предлог кој Нимиц во април им го претстави на амбасадорите Јолевски и Василакис не е прифатлив за Грција.

Весникот  „То Вима“ напиша дека „последниот предлог ’Горна Република Македонија’ беше одбиен од грчката страна затоа што е јасно дека Атина не прифаќа поставување на геграфската одредница пред уставното уредување“.

„Катимерини“, пак, во својата анализа се задржа на географската одредница „северна“ и нагласи дека  „предлогот ’Република Северна Македонија’ е тежок за варење, но може да биде основа за разговор“.

Вториот проблем за Атина во последниот предлог на Нимиц е опсегот на употреба. Нагласувајќи дека се повеќе земји ја имаат признаено Македонија под нејзиното уставно име,  провладиниот весник напиша дека „новото име новото име ќе треба да биде запишано во пасошите и да има најширока можна употреба… и со оглед на тоа што очиледно не е лесно да им се наметне на трети земји, може да има одлука на Советот за безбедност на ОН која ќе го поддржи и ќе го препорача за користење на членките на меѓународната заедница“.

Дипломатски извори тврдат дека и покрај се, Нимиц во Атина и Скопје не доаѓа со нов предлог.  На маса повторно ќе биде последниот предлог од април годинава. Сепак, тие не откриваат кои се новите аргументи на медијаторот со кои ќе се обиде да ги доближи ставовите на Македонија и Грција.

Би можело да ве интересира

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

Нимиц: Преспанскиот договор е решение за спорот, но и основа за нов почеток

А1он

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски