Нимиц на средби со Заев и Димитров

Од:

Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц претпладнево во Владата има средба со премиерот Зоран Заев.

Нимиц потоа во МНР ќе рагзовара со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, по што е предвидено да даде изјава за медиумите.

Нимиц е во неколкудневна посета на Скопје на разговори со државниот врв за можностите за решавање на спорот за името.

Вчера попладне Нимиц имаше разговори со претседателот Ѓорги Иванов. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, била разгледана актуелната состојба во разговорите за надминување на ова прашање. Македонскиот претседател порачал дека Република Македонија и натаму ќе учествува во процесот што се води под покровителство на ОН и истакнал дека е потребно да се создаде позитивен амбиент со цел подобро разбирање и почитување.

Претседателот Иванов, како што стои во соопштението, ја поздравил конструктивноста и фокусираноста на мерките за градење на доверба меѓу двете држави и повика на нивно проширување и внесување на нови содржини.

– Македонската страна со години наназад дава континуиран придонес и иницијативи во насока на градењето на доверба меѓу двете држави и двете општества. Неопходно е да се даде дополнителен импулс од двете страни во надминување на ова прашање, кое има суштинско значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион, истакнал Иванов на средбата со амбасадорот Нимиц.

Во процесот кој се води во рамки на ОН, според Иванов, неопходно е стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите – резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Во таа насока, претседателот Иванов ја потенцираше потребата од почитување на меѓународното право и доследност кон меѓународно преземените обврски.

Нимиц, како што соопшти прес-службата на ОН, во Скопје дојде на покана на македонската Влада со цел да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на ОН за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.

Во соопштението се додава дека на покана на Владата на Република Грција, предвидено е Нимиц да замине за Атина.

Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција, последен пат ги посети двете земји на крајот на јули 2014 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот