Нимиц на средба со Попоски

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе се сретне со специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, Метју Нимиц.

Нимиц вчера по пристигнувањето во Скопје од Атина се сретна со македонскиот претседател Ѓорге Иванов при што размениле мислења поврзани со идеите и размислувањата на специјалниот пратеник, како и за исходот од неговата посета на Атина.

Во соопштението по средбата од кабинетот на претседателот, се посочува дека  Иванов истакнал оти Македонија е подготвена на средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот со Грција за разликата околу името. Тој изразил очекување грчката страна да покаже добра волја за создавање позитивна атмосфера и надминување на разликата околу името.

Шефот на државата, воедно, ја реафирмирал македонската државна позиција и посветеноста за изнаоѓање заеднички прифатливо решение за разликата околу името. Македонскиот претседател Иванов потенцираше дека како и досега, Република Македонија и натаму активно, конструктивно и со добра волја ќе учествува во процесот, со цел изнаоѓање на заемно прифатливо решение.

Република Македонија инсистира на целосно почитување на рамката во која се води процесот, резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Нимиц доје во Скопје од Атина каде што се сретна со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. По средбата медијаторото изјави дека му биле разјаснети ставовите на грчката страна, без да соопшти повеќе детали.

Медијаторот во спорот за името за време на престојот во Скопје се очекува да се сретне и со премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

Нимиц: Преспанскиот договор е решение за спорот, но и основа за нов почеток

А1он

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска