Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, денеска во Атина ќе има средби со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.
Состаноците и разговорите во Грција, Метју Нимиц, ќе ги започне во 10.30 часот по локално време, со средба со Кумуцакос, во хотел во центарот на Атина. Според грчките медиуми, средбата со одговорниот за надворешна политика е по барање на медијаторот.