Николовски: Се што правиме е во функција на заштита на македонскиот идентитет

Од:

Не верувам дека изјавата од вицепремиерот Никола Димитров нешто ќе предизвика, напротив јасните, транспарентни и отворени ставови треба да станат пракса во македонската демократија, а не некакви позадински игри, изјави заменик претседателот на Владата, Љупчо Николовски за време на денешната посета на Општина Битола.

-Министерот Димитров даде силен придонес, особено во донесувањето на Преспанскиот договор заради кој денес нашата држава е членка на НАТО. Ние сме дел од тој елитен безбедносен клуб и остваривме еден од стратешките приоритети – ветување на многу генерации политичари кои немаа храброст тоа да го направат. Димитров заедно со премиерот Заев даде голем придонес во тој правец и верувам дека и понатаму ќе придонесува во сите остварувања на стратешките интереси на државата особено во европската перспектива. Ние сега сме соочени со проблемот со Бугарија, но не станува збор за некаква попустливост, напротив се што правиме е во функција на заштита на македонскиот идентитет, на културата, јазикот, традициите и се што ни е оставено вековно да го чуваме. Така станавме членка на НАТО и така ќе чекориме кон европската перспектива. Но, ја разбирам и разочараноста на министерот Димитров, но и на сите нас како генерација, затоа што сакаме да почнеме да преговараме со Европската унија. Тоа е начинот за трансформација на општеството, тоа е начинот за да ги убедиме младите да останат во земјава, изјави Николовски на прашањето дали се можни евентуални проблеми пред претстојниот избор на новата македонска влада.

Би можело да ве интересира

Николовски: Има доволно средства за дополнителна поддршка на земјоделците и сточарите

Горан Наумовски

Николовски: Заедно со земјоделците и најголемиот откупувач на сончоглед – „Кристал 1923“ се подготвуваме за новата реколта на сончоглед

Николовски: Се откупуваат последните килограми тутун, просечна откупна цена 290 денари

Николовски за „падот“ од министерската функција: Мојата енергија е насочена кон мерките, па премиерот нека одлучи

Кристијан Ландов

Државата ќе ги издава приватните ниви, во спротивно граѓаните ќе плаќаат трипати повисок данок

Орце Костов

Димитров: Употребата на терминот „северномакедонци“ е навреда за Македонците