А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Николовски: Проблемот со мечките е комплексен, Собранието да не го блокира и побрзо да го донесе законот за ловство

by А1он30/09/2023 - 15:12506
Share0

Надлежните институции деновиве се во интензивна комуникација за да се надмине проблемот со зголеменото присуство на кафеава мечка во Маврово и Ростуше која ги загрозува жителите. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, без согласност на Министерството за животна средина не може да има отстрел, а од друга страна државата мора да ја гарантира безбедноста на населението.

Следете a1on на Instagram Instagram

Прашањето е многу комплексно, напомена, зашто мечките кај нас се заштитени и има забрана за отстрел.

Ова е нова состојба, оцени Николовски, но и уште една причина Законот за ловство и дивеч кој е во собраниска процедура побрзо да се донесе и да не се блокира, бидејќи во него е регулирано како се постапува кога во урбани средини и други населени места се загрозени животот на луѓето и објектите.

Министерот потврди дека во понеделник ќе има состанок за да се одлучи дали ќе и се предложи на Владата прогласување кризна состојба, а екипи на Министерството за земјоделство веќе биле на терен на средба со жителите во Маворово и Ростуше.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Ова е комплексно прашање за кое деновиве интензивно разговараат сите засегнати. Екипи на МЗШВ и раководителите на надлежните сектори за ловство и шумарство беа на терен, на средба со жителите во Маворово и Ростуше. Во 1997 година ние сме ја прифатиле со Закон ратификацијата на Конвенцијата со која мечките се заштитиени и од тој период нивниот број расте. Секако дека забраната за отстрел постои, а и станува збор за Национален парк во кој МЗШВ нема ингеренции. Но, тука сме согласно законските регулативи да помогнеме да се најде решение зашто жителите се навистина во страв. Ова е нова состојба и тоа е уште една причина Законот за ловство и дивеч кој е во собраниска процедура да не биде блокиран и биде изгласан зашто во него постои можност кога има во урбани средини и други населени места загрозување на животот и објектите е регулирана постапката, но од друга страна мора да го имаме и химаниот пристап. Во понеделник ќе има состанок за да се одлучи дали ќе и се предложи на вчадата прогласување кризна состојба. И утрово имавме состанок, ги разгледуваме сите механизми. Но, без согласност на Министерството за животна средина не може да има дозвола за отстрел, а од друга страна државните институции мора да ја гарантираат безбедноста на жителите во тие региони, истакна Николовски, одговорајжи на новинарски прашања по изјавата со која го најави претстојниот втор Национален саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“ што ќе се одржи на 7 октомври.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во Националниот парк Маврово, но и на други подрачја на државата е забележано зголемено присуство на кафеава мечка, а Општината Маврово и Ростуше поради ваквата ситуација побара прогласување кризна состојба.

mecki

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов од Попова Шапка: Ќе бараме решение да се намали ризикот од средби со мечките, ова е сепак територија во која природно припаѓаат

A1on05/03/2024 - 15:09

ЦУК бара да се дозволи отстрел само на премногу агресивни мечки

Горан Наумовски25/10/2023 - 13:37

ВИДЕО: Стојанче Ангелов секоја вечер брка мечки

Катерина Ѓуровски05/10/2023 - 10:00

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба по зголеменото присуство на кафеава мечка

Предраг Петровиќ29/09/2023 - 17:1429/09/2023 - 18:38

Мечки превртуваат контејнери во Галичник барајќи храна: Жителите исплашени да не бидат нападнати

A1on27/07/2023 - 10:1327/07/2023 - 13:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео