А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЦУК бара да се дозволи отстрел само на премногу агресивни мечки

by А1он25/10/2023 - 13:37242
Share0

Центарот за управување со кризи информираше дека поведуваат процедура пред надлежните министерства за земјоделство и за екологија, да извршат процена дали се исполнети условите за отстрел на мечка на територија на Општина Маврово и Ростуше. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на прес-конференција посочи дека станува збор за мечката која на 23 октомври нападна и повреди 76 годишник од Пласница.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Како Центар за управување со кризи, ние сме против убивање на мечките, но во случај на појава на опасната мечка, којашто не е спорно дека нападнала човек и за којашто постои опасност повторно да нападне човек, да убие човек или истиот тешко да го повреди, ние само ја придвижиме процедурата пред надлежните министерства, рече Ангелов.

Тој посочи дека отстрелот на мечката, иако е заштитена со закон, е во согласност со Законот за ловство, член 16 став 5.

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може да дозволи лов на трајно заштитен дивеч во којшто спаѓа и мечката по претходно мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во Законот за заштита на природата во членот 23 став 2 е предвидено дека отстрел на диви животни се врши врз основа на претходно добиена дозвола од министерот кој раководи со органот на државна управа, надлежен за вршење на работите од областа на ловството, а врз основа на претходно прибавено мислење од министерот кој раководи со органот на државната управа, надлежен за вршење од работите на работите од областа на заштита на природата, потенцира Ангелов.

Следете a1on на Youtube YouTube

Првиот човек на ЦУК рече дека во последните десетици години нема регистрирани напади од мечки, па затоа треба да се види дали оваа посочена мечка е нешто повеќе агресивна и треба да биде мета на отстрел.

– Токму од оваа причина бараме МВР целосно да го расветли случајот бидејќи вчера лично зборував со возрасниот господин кој беше нападнат, беше преплашен, но сакаме да дознаеме што точно се случило и зошто нападнала. Можно е да била исплашена, ловен ден, се нашол на пат, таа го турнала и го гризнала за слабините, но не силно. Може се работи само за несреќен случај. Институциите ќе испитаат дали се работи за агресивна мечка, рече Ангелов.

Според директорот на ЦУК, жителите на Општина Маврово и Ростуше, сепак се навикнати на живот со мечките и генерално немаат проблеми.

– Проблемот е кога неколку условно речено агресивни мечки, се охрабриле и доаѓаат да јадат во дворовите, каде има храна и мириса на храна во секоја куќа. И мириса на мечката која е изгладнета. Станува похрабра и подрска во доаѓањето во населените места, рече Ангелов.

На новинарско прашања за дислоцирање на мечките во другите делови од државата, Ангелов истакна дека тоа е чувствителна тема поради потенцијалната можност за вознемирување на жителите во новото место, како и дека не е едноставно да се носат овие големи животни.

cukmecki

Би можело да ве интересира

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:08

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Горан Наумовски06/09/2026 - 07:55

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11

Горан Наумовски05/09/2026 - 18:14

Активни се пет пожари на отворен простор, шест се ставени под контрола

Горан Наумовски05/09/2026 - 13:04

Од 31 пожар на отворен простор, два се активни, пет се под контрола

Горан Наумовски05/09/2026 - 09:3505/09/2026 - 09:36

До утринава вкупно 31 пожар на отворено во Македонија

А1он04/09/2026 - 08:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео