(ВИДЕО) Николоски: Партијата е единствена во ставот дека договорот е штетен

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по завршувањето на Извршниот комитет побара да се формира техничка влада со мандат од 100 дена, а со тоа премиерот Зоран Заев заедно со министрите да поднесат оставки, а на нивно место да бидат назначени кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Николоски кажа дека ИК ги прифати предлозите на лидерот Христијан Мицкоски.

„Бараме формирање на Анкетна комисија во Собранието, која треба да ги испита сите нерегуларности на референдумот, притоа, да се разреши и актуелниот јавен обвинител кој замижува пред очигледниот криминал, пред и за време на референдумот“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека пратеничката група има исти став, а се борат за зачувување на името Македонија. Како што кажа, името на државата по референдумот е зачувано.

Николоски потенцираше дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена.

„Се заплашуваа граѓани, имаше влијание врз гласачи, бевме сведоци на недоморкатски процес. Затоа целиот референдумот е фалсификат и резултатот не го признаваме. Власта да престане со бркање од работа на сите што гласаа против или не излегоа на референдимот“, рече тој.

На прашањето како ќе реагираат по низата укажувања од меѓународната заедница и последната порака испратена од партијата на канцеларката Меркел, тој рече дека ги почитуваат сите.

„Не е проблем меѓународниот фактор, тука е проблем Зоран Заев и Никола Димитров кои потпишаа штетен договор за државата“, рече Николоски.

Тој додаде дека неговата партија заклучила дека договорот од Преспа е празно слово харија, а меѓу барањата, спомена дека мора да се почитува Законот за јавна администрација и да не се притискаат граѓаните.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

Николоски: По две години работа, Коридорот 8 станува реалност

Горан Наумовски