А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Николовски најави дека во 2021 година ќе се намалуваат или спојуваат институции

by А1он29/10/2020 - 15:28410
Share0

– Се работи на сите анализи за спојување и намалување на бројот на институции и 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме или укинуваме чекор по чекор институциите кои сметаме дека може да бидат споени со останати институции, агенции, фондови и слично, изјави денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Добивај вести на вибер

Прашан до каде е процесот на намалување на јавните претпријатија и државни органи со нивно спојување со некои министерства, Николовски рече дека процесот на намалување на самите министерства е веќе започнат со самото формирање на владата, која има седум помалку министерски места од претходно.

– Ова е прва мала, ефикасна и економична Влада, која постојано ќе крати на трошоците и привилегиите. Влада во чиј мандат се најавува намалување на моќта на политичарите и зголемување и трансформација на сите институции да бидат сервис на граѓаните, изјави Николвоски.

Се работи, посочи тој, на анализи и во рамки на проектите кои ги имаат министерствата, особено Министерството за информатичко општество и администрација со ЕУ, за спојување и намалување на бројот на институции.

– Тој процес е во тек и граѓаните треба да знаат дека активно работиме во тој правец. Од друга страна, еве велиме дека ќе ги јакнеме институциите и капацитетите на оние витални институции, како инспекторатите. Државата мора да ги јакне капацитетите кои се неопходни, за сите процеси кои ги водиме, но од друга страна да ги крати и намалува не само институциите, туку и трошоците кои што се непродуктивни. Во тој поглед голем број тимови веќе активно работат и резултатите не може да бидат брзи, туку темелни и суштински и ќе се одвиваат во континуитете во следниот четиригодишен период на оваа влада, изјави Николовски.

drzavna administracijaLjupco Nikolovski

Би можело да ве интересира

Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 13:10

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

Предраг Петровиќ23/11/2025 - 10:36

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Катерина Ѓуровски12/11/2025 - 14:31

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Предраг Петровиќ10/11/2025 - 17:4710/11/2025 - 17:49

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството

Предраг Петровиќ10/11/2025 - 15:55

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски10/11/2025 - 12:5110/11/2025 - 14:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен