Николовски: Мицкоски да каже кој уште, освен Камчев, незаконски ја финансирал ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Ние покажавме дека не да се бориме за тендери и за бизниси, туку чесно и одговорно да се бориме за граѓаните. 15 јули ќе биде убав ден за продолжување на овие политики, но ќе биде убав ден и за промени во ВМРО-ДПМНЕ. Ќе остане во опозиција и ќе има можност да се демократизира. Да ставиме да ставиме крај на омразата и поделбите. Денес не нудат иднина, туку го нудат мрачното минато и политики како оние за Хунзите, Белизе, Субрата рој“.

Ова денеска го порача генералниот секретар и носител на ИЕ 3 Љупчо Николовски, од вечерашната трибина на СДСМ во Свети Николе.

„Денеска слушаме снимки како Орце Камчев го финансира ВМРО-ДПМНЕ. Јавно го прашувам Христијан Мицкоски да соопшти уште кој ја финансирал ВМРО-ДПМНЕ во овие години, за целата вистина излезе на виделина. Ние се бориме со остатоците на Груевски, Мијалков и Камчев. Денеска се бориме против тие остатоци на режимот“, рече Николовски.

Тој нагласи дека во СДСМ постои демократија и секој се бори за своето место, со знаење, работа и чесност, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ каде се уште се луѓето на Никола Груевски.

„Луѓе со чист образ, чест и достоинство, без ниту една етикета или скандал е понудата на СДСМ. Од другата страна, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ е човек со еден куп афери. Пет милиони евра за двокатните автобуси, 18 милиони евра за двокатното тркало, наместо да се бори за Свети Николе, за Велес, за Истокот, тој панорамско тркало требало да гради во Скопје“, рече Николовски.

Тој им порача на светиниколчани дека со СДСМ иднината на оваа земја е осигурана, а со ВМРО-ДПМНЕ е во опасност.

„Изборот е лесен, меѓу иднина и развој, или враќање на тоа темно минато. На правење списоци, на уцени на земјоделците, на казни на сите угостители и на бизнисмените. Ги уценуваа и откупуваа фирмите. Владееше страв. Денеска нема страв, денеска слободно се критикува, потоа претседателот на СДСМ Зоран Заев со нив пишуваше закони. Затоа што за нас критиката е важна“, додаде Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда