Николовски-Мекеј: Планот за борба против корупција основа за зголемена транспарентност и владеење на правото

Од:

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во рамки на работната посета на Брисел се сретна со директорот на Директорат за безбедносна политика и партнерства во НАТО, Џејмс Х. Мекеј.

На состанокот, како што сооошти Кабинетот на Николовски, се разговараше за досегашната соработка и придонес на нашата држава во исполнување на мисиите и целите на НАТО.

Воедно, вицепремиерот Николовски, ја образложи потребата од носењето на Планот за борба против корупција и дел од мерките во Планот, со посебен акцент на екипирање и дигитализација на Јавното обвинителство како и истражните центри во основните јавни обвинителства, дигитализација на порцесите, онлајн платформата за следење на предмети, Националниот регистар на вистински сопственици, предлог Законот за потекло на имот, како и за постапувањето по пристигнати претставки од граѓаните за сомнителни коруптивни случаи.

Директорот за безбедносна политика и партнерства во НАТО, Мекеј, го поздрави носењето на владиониот План за борба против корупција и мерките коишто се преземаат, посочувајќи дека се добра основа за идните владини политики во делот на зголемена транспарентност и владеење на правото.

Би можело да ве интересира

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Извештајот на ЕК нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

Николовски: Станува збор за политички монтиран случај

Дмитриев: Западот затвора очи пред корупцијата во Киев

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор