Николовски бара мерка за интервентен откуп на оризот

Од:

Владата да донесе мерка за интервентен откуп и полесен извоз на оризот, побара денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Николовски, кој беше во посета на кочанскиот регион, обвини дека власта не се грижи за земјоделците и нивните проблеми.

„Владата предводенa од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не се грижи за земјоделците и нивните проблеми.

Владата наместо да го поттикне и стимулира откупот и извозот на земјоделски производи, таа дополнително го стопира.

Деновиве сме сведоци како луѓето кои раководат со институциите дополнително ја влошуваат состојбата со откупот и пласманот на ориз и прават хаос во оваа област.

Инспекциските служби на откупувачите во кочанско масовно им изрекуваат мерки забрана за откуп на ориз и понатаму со одредени постапки го стопираат неговиот пласман надвор од границите на РМ.

Службите земаат мостри под изговор за утврдување остатоци од пестициди и со тоа дополнително ја комплицират постапката за издавање на фитосанитерен сертификат, а некаде и намерно се стопира издавањето на резултатите од надлежните институции кои ја зеле мострата, а се со цел влијание и дисциплинирање на политичките опоненти на владата.

Оваа се случува во време кога ланската реколта се уште не е откупена и стои во амбарите и складовите на производителите, а жетвата на овогодишната реколта е во голем замав.

Ова е на директна штета на оризопроизводителите, бидејќи немат пари да си ја платат годинашната жетва и немат каде да ја сместат новата реколта на ориз.

Бараме веднаш, за да се излезе во пресрет на оризопроизводителите, Владата да донесе мерка за интервентен откуп и мерка за олеснување на извозот на ориз.

Политиканството и заштита на интересите на мал број луѓе се недозволиви.

Јас и мојот тим нема да дозволиме злоупотреби да се прават врз грбот на оризопроизводителите и тие да ги трпат штетите од лошите политики и одлуки на оваа власт“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна субвенција од шест денари по килограм оризова арпа

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Оризовите ниви во Кочанско половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат