Николовска: Јовески одмолче се за можна партиска номинација за Уставен Суд

Од:

Една од главните причини за тонењето на Македонија во криминал и корупција, за што алармираат сите релевантни фактори, е фактичкото не функционирање на ЈО водено од Љубомир Јовески. Наместо столб во демократијата што ја штити и претставува еднаквоста пред законите, Јовески го претвори ЈО во владина подружница коешто печати обвиненија по желба и нарачка на Илинденска број 2 рече на прес конференција Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Љубомир Јовески, човекот со амбиција, а можеби и со од Заев ветено унапредување во Уставниот суд, ќе остане запаметен како човек што не отвори уста за ниеден случај, за ниеден скандал за којшто имаше индиции за висока корупција, корупција со вмешаност на министри, функционери, премиер. Јовески, немиот сведок на сопственото прислушување во ЈО, ќе остане запаметен како Републички Jавен обвинител којшто ја подвитка кичмата пред Катица Јанева и пред Зоран Заев кој се прогласи за главен реформатор во правосудството. Јовески премолчи се што сега според него треба да оди на контото на партиска номинација за место во Уставниот суд“ – вели Николовска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски