Николоски: Од 10 мај почнуваме со активна блокада на Собранието

Од:

ВМРО ДПМНЕ започнува со блокада на Собранието од 10 мај, одлучи вечерва Извршниот комитет на партијата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека овој чекор е реакција на неодговорното однесување на власта.

„Топката сега е кај СДСМ и кај ДУИ да донесат правилна одлука, да седнеме на лидерска средба, да го дефинираме датумот за предвремени избори и да наоѓаме решенија за најклучните проблеми во Македонија. Доколку тоа не се случи почнуваме на 10 мај со активна блокада на Собранието“, рече Николоски.

Тој вели дека блокадата ќе трае во континуитет се до промена на власта, односно до договорот за датум за предвремени парламентарни избори.

Николовски извести и дека седницата на Извршниот комитет продолжува, и на неа ќе се разговара и за останати прашања.

Мицкоски претходно вчера најави дека ВМРО ДПМНЕ размислува за активен бојкот, откако премиерот Димитар Ковачевски го одби неговото барање за лидерска средба и за предвремени парламентарни избори.

„Ова нема да трае еден, два, три или пет дена, ова ќе трае со недели, а можеби и со месеци сѐ додека оваа влада конечно не се вразуми, не седне да разговара со опозицијата и не организираме предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Во меѓувреме, од СДСМ обвинија дека Мицкоски работи по наредба на Никола Груевски и дека седницата на Извршниот комитет е фарса.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ