Никола, за подобар вид на младите, тргни им се од пред очи!

Од:

Ако сакаш да им го подобриш видот на младите, Никола, тргни им се од пред очи!

Да, Никола, минатиот труд на политичарот се мери со делата и тоа што тој го оставил зад себе кога бил на власт и кога сите инструменти биле во неговите раце. Тебе Никола и на твоите соработници ќе Ви се мери според неделата и криминлот, ако сакаме да станеме нормална земја. Стари и излитени фори, налик на онаа „глумци од старо кино”, се објаснувањата за деструктивноста на опозицијата. Што очекувате од опозицијата? Да Ве фали за злоделата? Одговорни сте за овие десет изминати години и чест е да се биде против Вас. Вие, ословувајте го тоа како сакате: деструктивност, предавство, итн, итн…

Ех, Никола, замисли, се` уште те споделуваат и цитираат афирмативно по социјалниве мрежи. И тоа луѓе поставени на сериозно општествено-одговорни функции. Само продолжете да возите со двесте на час, без сопирачки на кривини. Јас ќе те споделувам, но пејоративно…

Ќе заборавев, се сеќавате дека Блер го викаа „пудлицата на Буш“? Но, ниту си ти Буш, ниту полтрончињава Блер. Како беше онаа познатата „со тоа oд што паметниот се срами, будалата се гордее“… Познавам луѓе кои идеолошки му припаѓаат на ВМРО -ДПМНЕ и кои се оградуваат од тебе. Нив треба да ги почитуваш, Никола.Tиe не ставаат “like” јавно на мојот ѕид, на пример, но и тебе не те споделуваат.”WiN-WIN”, не го признавам за решение.

За крај,во голем дел од психолошката литература, ако прочиташ, ќе сретнеш статии во кои слабеењето на видот се поврзува со тешкотијата да се погледне реалноста. Затоа, не им го подобрувај видот на младите, тргни им се од пред очи! Ако сакаш, може и за оштетувања на срце и црн дроб да зборуваме,… ако сакаш. Има милион објаснувања, не се докажани до крај, но тоа и не е важно за оваа земја, бидејќи нам ништо не ни значат бројките, ниту знаеме колку(мина од нас) сме гласачи, колку(мина) мртви, колку(мина) живи, а колку(мина) вегетираме…

Читај го Лазарев, одличен е. Русин е, омилен ќе и’ е и на Мирка. Пишува лошо и против Америка… Почни со “Дијагностика на кармата”, иако оваа карма од верски аспект не ми се допаѓа.

Дејан Блажески

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска