Никола Наумоски поставен за шеф на кабинет на Шилегов

Од:

Никола Наумоски е поставен за шеф на кабинетот на новиот градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Петре Шилегов.

Оваа информација за А1он ја потврди лично Наумоски. Тој беше дел од изборната кампања на Петре Шилегов, кој имаше повеќе од 40 илјади гласови повеќе од досегашниот градоначалник Коце Трајановски кој ја изгуби градоначалничката трка уште во првиот круг од локалните избори.

– Не сакам да бидам јас главната ѕвезда во целата ситуција, туку во фокусот треба да остане работата на новиот градоначалник и Градот Скопје, вели Наумоски за А1он.

Тој неколку години наназад е дел од граѓанските здруженија и невладини организации чија цел беше подобрување на состојбите во главниот град на Република Македонија.

Наумоски важи за добар познавач на градските проблеми и негова работа во иднина ќе биде да се грижи за агендата на новиот градоначалник Петре Шилегов, како и да води сметка за неговите активности.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа