Никола, биди човек и кажи им на своите дека ги предаде по теркот на Тупурковски

Од:

Ве читам деновиве дека целото внимание Ви е насоченоно кон “сончогледите”. Јавно, неколку пати, имам повикано членови на ДПМНЕ да размислат кого го поддржуваат. Јавно сум повикал луѓе кои гласаа за ДПМНЕ, а не се од нивните редови да ја преиспитаат својата одлука.

На последните избори, голема надеж полагав дека голем дел од овие луѓе ќе препознаат дека грешеле. Голем дел од нив постапија така и му ја испорачаа казната на Груевски. Не ја гледам потребата да се уринира по луѓе кои ги детектирале грешките на Груевизмот и се одважиле да ја дадат поддршката за нас.

Реално, сомнителен е тајмингот, но со кое право им одземаме да бидат поддржувачи на новите политики. И да, секогаш постои категорија на луѓе кои тоа го прават од политичко профитерство. Но, тоа не се сончогледи, тоа се политички профитери. Ги имa секаде, во уличката во која живеете, во куќниот совет, на работното место……

Сепак, да не заборавиме, во Македонија ништо веќе не е исто. Груевизмот е нешто од што ќе ни треба долго време да се излечиме. Од тоа колективно труење ќе ни треба многу време за детоксикација. На некој во меѓувреме може да му биде нарушен електролитниот статус- сериозна здравствена состојба. Недостигот на дел од елементите резултира со смртен исход, но на пример, вишокот Калциум може да е исто така индиција за тешко заболување.

Сепак, посоодветна компарација би била со деградационите продукти. Уреата, на пример. Бидете внимателни, но не само со онаа која има непријатен мирис туку и со онаа која е безбојна и немиризлива. Тоа може да биде индиција за откажување на бубрезите, или резултат од внес на вода.

Затоа како политичари, мора да го погледнеме изгледот на утро. Се` уште тема во академските кругови е која е количината вода која треба да се внесе во организмот со цел да не ве “измие”. Водата може да биде и фатална, а е многу важна и налик невина. Никола, веројатно треба да дозавршиш некои работи, но кога сме кај предавствата, биди човек и кажи им на своите дека ги предаде по теркот на Тупурковски….. Повозрасните паметат, од СФРЈ до Н.Р. Кина……

Дејан Блажески

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска