Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ се сретна со Даниелсон и Жбогар

Од:

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска оствари средба со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон и евроамбасадорот Самуел Жбогар на која, како што соопшти, го афирмира ставот дека земјава заслужува шанса во јуни да ги почне преговорите за влез во ЕУ.

На средбата биле нагласени заложбите на Независната пратеничка група да помогне во важните реформски процеси кои и претстојат на Македонија.

-Како најважни точки беа издвоени реформите во судството, корупцијата, безбедноста и администрацијата. Овие прашања се од исклучително значење за Македонија. Независната пратеничка група ќе биде коректив и ќе се бори за подобри законско решенија и нивна доследна имплементација, наведува Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија