Невремето во Македонија ударна вест на светските медиуми

Од:

Под наслов – Бура во Македонија – најмалку 20 загинати во застрашувачките поплави, угледниот Би-Би-Си ја смести на прво место според ранг, информацијата за природната непогода во земјава.

Британскиот медиуми пишува дека најголем дел од жртвите загинале во нивните автомобили и дека нивните тела се пронајдени во 8 часот и 30 минути по локално време.

Би-Би-Си ги цитира и зборовите на скопскиот градоначалник Коце Трајановски дека градот никогаш не доживеал ваква катастрофа.

Веста ја пренесуваат речиси сите балкански медиуми.

Српската национална телевизија детално ги пренесува информациите од Скопје, посочувајќи дека Стајковци, Арачиново и Ченто се најпогодените делови во градот.

Во коментарите на српските граѓани, напишани под веста е дека Србија им дава сестрана поддршка на Македонците, како што велат, и материјална и емотивна.

Тие во исто време, ја повикуваат Србија да и помогне на Македонија, исто како што Македонија му помагала на северниот сосед во слични ситуации.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници