Невремето направи штети во Драчево и дел од Кисела Вода-отворени телефони за пријавување на проблем

Од:

Големото невреме проследено со обилни врнежи од град што попладнево го зафати Скопје, направи големи штети и во Драчево и околината на Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и службите веднаш излегоа на терен, каде на лице место се интервенира со цел што побрзо да им се помогне на жителите. На располагање стојат и дежурни телефони каде граѓаните кои имаат проблем, можат да се јават и да пријават информираат од Општина Кисела Вода.

– Драчево и околината на Кисела Вода денеска ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија огромна штета. Имавме доста повици за уништени автомобили и домови каде што веднаш интервениравме. За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Од Општината повикуваат гражаните кои имаат проблем да се јават на телефоните 071391250 или 070259942.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд