Невреме во Скопје, паѓа град со големина на орев

Од:

Невреме попладнево се случува во Скопје, откако почнаа обилни дождови проследени со град.

Улиците се буквално побелени од градот кој има големина на орев, а невремето дополнително го отежнува и сообраќајот по улиците.

УХМР претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Се очекува и намалување на темепратурите од 16 до 28 степени.

Вчера невреме имаше и во Хрватска, а денеска паѓа снег на планините во Италија и во Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје