Невреме со пороен дожд во Гостивар, поплавени куќи и улици

Од:

Невремето со пороен дожд и град во Гостивар предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови. Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањата дошло од надојдената вода во еден канал за наводнување.


Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.

До поплавувањата дошло од надојдена вода во еден канал за наводнување и куќи кои се наоѓаат под ниво на улици.

-Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на општина Гостивар, едена улица во населбата Бањешница е поплавена до вода која се слеала од каналот за наводнување. Вода навлегла во шест куќи и дворови во с.Беловиште, а еден локален пат не бил во употреба заради високото ниво на вода која течела по него. Жители од Циглана, општина Гостивар, предупредиле дека постои опасност од поплавување на куќи во овој дел на градот, но штети не се пријавени. Поплавување на две куќи со подруми и помошни објекти се пријавени на уште две локации, соопштуваат од ЦУК.

Посочуваат дека за санирање на штетите и испумпување на водата попладнево на терен се и припадници на Противпожарната единица

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Невремето предизвика поплави и штети во повеќе региони

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

Невремето во Скопје направи пустош, поплави и заглавени возила

Предраг Петровиќ

Мајка пријави во полиција дека тројца непознати и ја грабнаа 15-годишната ќерка