Невреме со пороен дожд и грмежи во делови од Македонија

Од:

Нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и повредено засилен ветер попладневно ја зафати најпрво Малешевијата, потоа Кочанско, Штипско и кон крајот на денот Кумановско, Светиниколско и делови од скопската котлина.

Како што информираат од УХМР најмногу дожд наврна на Ѓуриште, Светиниколско 33 литри, Берово 11, Штип осум литри, и по еден литар во Битола и Тополчани во Пелагонија.

Во скопската котлина невремето ги зафати центарот и источните делови. Имаше врнежи од дожд и засилен ветер кој во 17 часот достигна 25 километри на час.

Ветерот најсилно дуваше во Струмица во 17 часот со брзина од 35 километри.

Во вечерните часови нестабилно ќе биде претежно на север, а преку ноќта облачноста ќе се намалува. Сосема на југоисток кон Струмичко од Бугарија има нова нестабилност која е проследена со ретки грмежи.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од источен правец. Минималата температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а максималната од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од североисточен правец. Температурата од 20 до 37 степени.

Од недела до вторник во попладневните часови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе опаднат за околу 5 степени.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници