Невена Груевска избрна за нов претседател на Македонското научно друштво – Битола

Од:

Македонско научно друштво (МНД) – Битола ја избра доцент д-р Невена Груевска за претседател. Таа е прва жена што ќе го предводи Друштвото во неговото шест децениско постоење.

На изборното Собрание, Груевска најави тимска работа, програмски новитети, задржување на позитивниот тренд и висок рејтинг на Друштвото.

-Во јубилејната година на МНД продолжуваме со учество во локални, национални и меѓународни проекти и активности со научно-истражувачки карактер, ќе одржуваме и поттикнеме одржување на Форуми со иинтерактивен пристап на стручната и општата јавност, ќе ја продлабочиме соработката со други научни друштва од државата и странство, и ќе имаме активна партиципација во програмите за образование и култура на општините од регионот, рече Груевска по изборот.

На редовното годишно Собрание, членовите на МНД го усвоија извештајот за работа во периодот 2018-2020 година и избраа нови членови на Управниот и Надзорниот одбор. Избрани беа и Уредувачки совет, како и Етичка комисија со мандат од две години, до 2022-ра.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот