Несторовска: Мигрантската криза бара максимална свесност, проблемот на соседот е и твој проблем

Од:

Мигрантската криза е комплексен предизвик и бара комплексен, координиран и менаџиран одговор. Мигрантската криза бара искреност, посветеност на сите земји, на целата меѓународна зедница, порача државниот секреатар Магдалена Несторовска, на Виенската Конференција за партнерства за миграција – рамки за безбедна, уредна редовна миграција, во организација на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ICMPD) која се оддржа вчера во Виена.

– Оваа криза бара максимална свесност на секој чинител дека проблемот на соседот е и твој проблем и дека никој не може херметички да се затвори во стаклено звоно и само да набљудува што се случува во соседната земја, во другите земји. Подршката која Република Македонија ја доби беше испит за многу земји. Испит кој се полагаше на нашата граница, а го полагаа и многу земји, го полагаше Европа, истакна Несторовска.

Како што информираат од МВР, Несторовска која била панелист во делот „Партнерства за миграција и оперативна соработка“ оценила дека испитот со мигрантската криза е положен, но и дека тоа не значи дека во иднина нема да полагаме вакви или слични испити.

– Ова само покажува дека зедничкиот одговор на било која криза не е флоскула, туку е суштински и вистинско опција за успех, нагласува државниот секретар во МВР.

Виенската Конференција за миграција е главен годишен настан на ICMPD, на кој воедно присуствуваат политичари, високи функционери, експерти и практичари, меѓународни и невладини организации. На Конференцијата се дебатира за концептот на Партнерства за миграција како клучен аспект за градење на безбедна, уредна и редовна миграција, како што е утврдено со Њујоршката Декларација од 2016 година.

На маргините на Конференцијата, Несторовска остварила и билатерална средба со Генералниот Директор на ICMPD, Михаел Шпинделегер.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он