Нестабилно време во попладневните часови, поинтензивни процеси во петок и за викендот

Од:

Во текот на следната седмица во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат во петок и во деновите од викендот.

Како што соопшти УХМР, времето во државата утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Би можело да ве интересира

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска

Променливо облачно и нестабилно, локално невреме со пообилен дожд

Ана Ололовска

Облачно, попладне пороен дожд, грмежи и ветер

Ана Ололовска

Претпладне облачно, попладне со дожд и ветер

Ана Ололовска

Нестабилно со пороен дожд и грмежи и следните денови, температурите без поголема промена

Ана Ололовска