Нерегистрирани донации, попусти и пропусти-извештајот за рекламирање на Ѓорѓе Иванов во медиумите

Од:

Ако новинарите се виновни за лошата состојба во медиумите, кој е виновен за пропустите во начинот на политичко рекламирање на претседателот Ѓорѓе Иванов во медиумите кои во извешатјот ги нотира државниот ревизор.

Иванов откако го детектира јавно проблемот за лошото позиционирање на земјава на релевантните листи за слобода на медиуми обвинувајќи ги новинарите, останува да објасни за наодите на ревизорите кој во извештајот нотираат низа пропусти за платената политичка пропаганда во медиумите за време на изборната кампања.

Останува нејасно како Иванов добивал попусти за платено политичко рекламирање и како медиумите одлучиле да се јават како донатори на неговата кампања за уште еден мандат за претседател на изборите минатата година.

Со попусти од 50 отсто од цената потребна за рекламирање на телевииите радијата и во весниците, професорот Ѓорѓе Иванов по втор пат стана претседател.

Државниот ревизиор анализирајќи го начинот на кој се водела кампањата на Иванов и неговото политичко рекламирање нотирал дека лани за време на изборната кампања, медиумите му овозможиле огромни попусти за платено политичко рекламирање.

Ревизорите забележуваат на начинот на кој радиодифузерите на изборниот штаб на Иванов му ги даваат попустите за политичко рекламирање.

Па така ревизијата забележува дека два радиодифузери и еден весник во извештаите за искористен рекламен простор имаат искажано попуст во вредност од 242 илјади денари но истите не биле искажани како донација во доставените фактури за политичко рекламирање и истите не се заведени во финансискиот извештај ниту во регистарот на донации.

Една телевизја на Иванов му овозможила 50 % попуст за политичко рекламирање и вредноста е намалена за 472 илјади денари. Според ревизорите во доставената фактура за политичко рекламирање искажана е донација од 71 илјади денари односно за 181 илјади денари помалку од во однос на намалената цена на услугата која треба да има третман на донација а ревизорите нотираат дека истата не е реално искажана во финансикиот извештај ниту во регистарот на донации.

Ревизорите забележуваат дека во 28 отсто од радиодифузерите не го наведуваат времетраењето на политичкото рекламирање на Иванов, периодот на емитување и поединечната цена на рекламирањето поради што оневозможена била контрола на фактурираниот износ за емитување на платена политичка програма.

14 отсто од радиодифузерите до ревизорите не доставиле ценовник за платено политичко рекламирање на Иванов.

Според овластениот државен ревизор сите наведени пропусти во извештајот за начинот на политичкото рекламирање оневозможуваат организаторот на изборната кампања на Иванов доследно да ги почитува одредбите од Изборниот законик.

Според податоците доставени до државниот завод за ревизија по основ на реклама, пропаганда и презентација на Ѓорѓе Иванов потрошени се 48.366 милиони денари или околу 786 илјади евра.

Сомнежот на ревизорите во финансиките податоци и дисконтите кои не се евидентирани во финансиските извештаи и регистарот на донации отвараат многу нејасноти за начинот на кој се рекламирал Иванов во медиумите но и зошто му се давани попусти и до половина од вредноста на рекламата.

Останува да лебди во воздух дали и за овие пропусти во телевизиите, радијата и весниците се виновни новинарите или извештајот на државниот завод за ревизија е правен по основ на перцепција.

Во исчекување на одговор од Иванов, виновници за пропустите во начинот на формирање на попустите во медиумите за негово политичко рекламирање и нефактурирањето на донациите ниту внесувањето во регистарот на донации нека останат новинарите.

Б.С.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Орце Костов

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски